Трговскиот центар на Келн е цел град за себе, зашто по неговите улици е забрането движење на авотмобили, освен на оние од брза помош и од полицијата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Уште еден силен астматичен напад ја принуди Рада да се најде во брзата помош која иташе за Скопје.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Без никакво офкање се струполи од столот. - Бргу, Радо, повикај брза помош! - најприсебен беше Томо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Возилото на брза помош заминуваше без сирена и ротационо светло, што можеше да значи само едно - дека за возачот патот беше завршен.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Се свртев кон влезната врата со цел да одам да му кажам на работникот Ристе Петревски кој беше во канцеларијата на секретарката, ама тој веќе беше на вратата и му свикав да викне брза помош.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ми се крена и колата на „Брза помош“ што излегуваше свирејќи, ми се поткренаа и сестрите од подот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Знам што ќе сториме, - се досетив. - Тетка Данче од деветтиот кат е лекар во Брза помош.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Брза помош, која секогаш задоцнува - проработи една сѐ уште жива жилка во сувата тиква во главата на доктор Миха.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Раководителот, со вграден рефлектор на челото како рударски инженер, киклопски ја најде соодветната преграда и од картотеката го извлече кофчегот, всушност носилката на Брза помош.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)