Вечер треба да се видат овие две важни работи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Сакам со него да разговарам за една многу важна работа, - продолжи трговецот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Трговецот ја извади сребрената кутија, му ја подаде кутијата и го покани да седне.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Но, исто така, постои и чувството дека се случуваат важни работи.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ова е моето оружје? Дали некоја важна работа ќе треба да се сврши вечерва? (Се обидува да се сети)
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Еден шизифреничар ми објасни една варијанта на оваа техника на мешање на важни работи со мноштво безначајни глупости.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
За секоја важна работа треба ферман, царски.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кај Симона можела да се јави завист и накнадно, со фактот што Борко станал познат човек и фактор, одлучувал за важни работи и во Војната и подоцна, можел да влијае, можел просто да одлучи, ете, да се изгради и една брана и да го потопи Долнец.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
- Или првата и најважна?! – ја зајадов на шега. - Така нека биде, ако сакаш.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Тоа е третата важна работа за која сакав да те видам – прифати Лета.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Настанаа сите селани и се простија од поп Јакова, ветувајќи му дека сите до еден се готови и ќе тргнат по неговиот повик, а калуѓерот, задоволен што ги најде сите водачи на куп, кои и самиот поп Јаков му го запиша во тефтерот, тргна со попот и направи еден добар ручек кај него, та си отиде во Прилеп да му се пофали на кадијата како мајсторски ја сврши оваа важна работа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Парите можат да се потрошат и тогаш кога за тоа не постои некоја голема потреба, а тоа не е убаво, Парите можат да се чуваат, да се штедат, како што велиме, а кога ќе се присоберат повеќе и кога ќе ни се укаже прилика со нив да се купи нешто значајно, да се сврши некоја важна работа, а тоа е убаво.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
„Денеска сум зафатен со многу важна работа.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Трајче излегуваше од Струга и во самарчето од Дорча носеше многу важна работа за штабот.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Кога се наиграа добро, командантот ги викна Трајчета и Евта настрана во буките и рече: - Трајче, има да свршиш една многу важна работа.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
ЛУКОВ: Госпоѓо Христова, Вашиов уважен сопруг и јас сме овде поради една многу важна работа. Работа од историско значење.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Изградбата на Ајфеловата кула беше прекрасна и многу важна работа. Денес, тоа тешко може да се сфати.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Туристите влегуваат во лифтот, се качуваат на првата тераса, потоа на втората, џагорат, се смеат, фотографираат, снимаат филмови во боја.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)