ваков (прид.) - констатација (имн.)

Директорот, откако дозна дека е тужен, не беше воопшто засегнат, затоа што и доколку го изгубеше судскиот спор, бидејќи станува збор за државно претпријатие, обесштетувањето немаше да го дава лично тој од сопствен џеб, туку самото претпријатие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според Ристески, вака се однесуваат директорите во скоро сите 48 јавни претпријатија – а ние во потполност се согласуваме со ваквата констатација која досега и емпириски е потврдена.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Уште повеќе, ако би се посматрале како воена сила, партизаните биле побројни, подобро организирани, дисциплинирани и подобро водени отколку четниците“.39 Аналогно на ваквата констатација и на информациите од другите воени мисии при Главните штабови на единиците на НОВ и ПОЈ,40 Маклин во разговорот со Черчил пред одржувањето на Техеранската конференција41 ќе истакне дека според неговите согледувања повоеното уредување на Југославија нема да зависи од Велика Британија42 и без разлика дали партизаните добивале британска помош или не по војната ќе претставуваат одлучувачки фактор и како комунисти по доаѓањето на власт, во Југославија ќе воспостават тоталитарен облик на владеење сличен на советскиот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)