ваков (прид.) - настан (имн.)

Веројатно вие имате на ум и некои карактеристични случаи, но мене не ми се познати.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ваквите настани придонесуваат да ја загубам рамнотежата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но сите вакви настани се поврзуваат со вашите ангажирања во политиката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И покрај наклонетоста на професорот кон таканаречените злослутни поединости тој не можеше да го предвиди настанов што ќе се обидеме да го опишеме бидејќи тој се случуваше, според наодите на службите повикани да ги расветлуваат ваквите настани, речиси во истиот ден а можеби и момент додека Седларов го презентираше својот труд за наездата на сенките во спомнатата симпозиумска расправа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Б.С. изгледа настојуваше да ми укаже дека всушност јас сум едниот од оној мал број познати кој може да си претпостави барем за некоја од причините што довеле до оваа несреќа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- А зошто да се чувствувам професионалец заради еден ваков настан што го презирам дури и во мислите?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)