Беше 93 Оваа комисија ја сочинуваат претставници на МТСП, репрезентативните здруженија на работодавачи и репрезентативните синдикати. 102 продолжен рокот, од 3 на 5 работни дена, во кој странката која ги добила предлогот и документацијата од министерството надлежно за работите од областа на трудот, треба да се изјасни дали прифаќа мирно решавање на спорот, а ако во овој рок надлежното министерство не добие одговор за прифаќање на предлогот за мирно решавање на спорот од другата страна, ќе се смета дека предлогот за поведување постапка не е прифатен (чл. 13 од ЗИДЗМРРС/14); б) исто така, беше зголемен рокот, од 3 на 5 дена од денот на прифаќањето на предлогот за мирно решавање на работниот спор, во кој страните можат да определат помирувач, односно арбитер од Регистерот.94 Ако тие тоа не го сторат во предвидениот рок, ваквата обврска паѓа врз министерството надлежно за работите од областа на трудот (чл. 14 од ЗИДЗМРРС/14); в) со бришењето на чл. 51 од овој закон (чл. 39 од ЗИДЗМРРС/14) се укина(!) правото на помирувачите и арбитрите на плата, придонеси и надоместоци од плата согласно со закон и колективен договор, па сега помирувачот, односно арбитерот имаат право само на надоместок за нивното учество во постапката за мирно решавање на работниот спор, кој паѓа на товар на надлежното министерство.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Ваквата новонастаната обврска за странскиот работник е во контрадикција со веќе утврдената домашна легислатива, која утврдила овластен орган (Управата за јавни приходи), кој ја потврдува околноста дали некое лице ги намирило своите обврски и ваквата обврска не може да им се наметне ниту на домашните работодавачи кои вработуваат странски работници, ниту на странците што бараат вработување во РМ, со што ваквата формулација чекори на работ на неуставноста; б) дополнително беше утврдено дека при истек на дозволата за работа на странецот не смее да му се издаде дозвола за вработување или лична работна дозвола без тој привремено да престане да ја извршува работата во државата, а доколку барањето се поднесува пред истекот на важноста на дозволата за работа и странецот ги исполнува условите предвидени во овој закон, во тој случај издадената дозвола за работа ќе биде укината, а новата дозвола за вработување т.е. личната работна дозвола ќе биде со рок на важност на претходно издадената дозвола за работа (чл. 3 од ЗИДЗРО/фев.14). 4.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Според Уставниот суд, ваквата обврска уставното начело на владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните на Република Македонија, бидејќи таквата обврска не е во функција на обезбедување поголема социјална сигурност во сферата на социјалната заштита, а во таа смисла и на начелото на солидарност.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Ваквата обврска на работникот, воедно е и услов, во случај на негативен исход, за поведување на постапката за заштита од вознемирување (чл. 18).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Нови измени на ваквата обврска следеа веќе по една година, каде повторно беше воведен надоместокот на штета, кога има судска одлука во корист на работникот, но сега судот при утврдувањето на висината на штетата не е должен да ги земе во предвид траењето на работниот однос, возраста, социјалната состојба и обврските за издржување кои ги има работникот (чл. 20 од ЗИДЗРО/фев.13), како што беше претходно утврдено, што секако е на штета на правата и средствата за егзистенција на работникот. 5.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)