Решена да одам напред по секоја цена На полна месечина Во последна мена На моето присуство му нема смена, знаеш и сам А долу под мостот валкана река тече без срам Упатувам поглед да проверам дали чека на нашата судбинска средба Мерам, премерувам, двапати мери Еднаш скокај Нашево некогаш немаше споредба Минаа годините кога заљубени мислевме дека овде е вечноста овде е рај По силата на гравитацијата понесена дознавам дека овде всушност е нашиот крај 2005
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Пред нашите очи течеше бурната, матна и валканата река на војната.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)