Ние не го пцуеме (како што правите вие) ниту српскиот народ, ниту српската интелегенција, ниту свесните српски патриоти, а го напаѓаме само оној патриотски џган (во чии катуни се клоцаат коњите на Душана и чија цел е да ги разигра тие коњи секаде каде што само ќе го чуе српското (Драгашичевото) „помози бог“.) Ние не сме виновни што во тоа патриотско ѓубре се вбројувате и вие и вашата влада и еден достатно голем дел од вашите „изображени мужеви“.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Докажете ни дека вие и вашата влада не мислите вака.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
За да одговориме на вашите факти вие треба да ни објасните до каде, имено, се простираат вашите етнографски граници на југ и кои места влегуваат во границите на вашата Стара Србија, зашто според нашите етнографски и географски знаења, фактите, кои вие ги набројувате, повеќе зборуваат во наша корист, т.е. не дека егзархијата ги изнасилува Србите за да го примат бугаризмот туку дека вие и вашата влада го правите тоа со бугарскиот елемент во Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но во нашиот одговор ние не мислиме дека сме „лупали по ветру“ туку дека сме ве „лупали“ вас и вашата влада, па затоа доста тактично ќе биде од наша страна ако и овој пат одговориме на вашите неколку редови.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Како сакате вие да ви одговориме на таквите факти кога нивното филолошко безумство е облечено во филолошко руво, т.е. кога и вие и вашата влада настојувате на Балканскиот Полуостров да останат само 200 илјади Бугари, по ваше Татари, а сè друго да се посрби, т.е. пославјанчи?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)