ваш (прид.) - дете (имн.)

Не бев баш сигурна дали би можела да се чувствувам како ваше дете, а не бев сигурна ни во самата себе.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа барем имаше некаква смисла и ми даваше одреден идентитет и личност. (Што ве наведе да го промените мислењето?) Кога се уверив дека ќе ми дозволите да се чувствувам како ваше дете и дека ќе се грижите за мене со љубов.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Дојдете да прашате како се развиваат вашите деца.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Еднаш неделно имам приемен ден: четврток по петтиот час.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А вие, бре, стари магариња, зашто не учите вашите деца да гледаат работата, ами правите ајдути од нив?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Коџабашијата отиде на ритчето над село откаде стрелаше утринава Толе и почна да вика кон блиската шума „Грбавец", не гледајќи никого, но знаејќи дека половината селани се засолнати во растот, пештерите и во Николовите колиби: — Еј, селани бреееј, уоооо!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
П.С. Со незапишување на вашето дете во основно и средно училиште вие заштедувате многу нерви, пари и години, но и создавате одлични услови да стане успешен шверцер во системот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Слушајте, ве молам. Се јави вашето дете...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Зошто ви е попов? Ни досега тој не им ги врзувал папочињата на вашите деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Очињата весело му блескале на бабуњосаното месо; ќе викне и ќе ги разбрка, гаќите ќе си ги изгубат бегајќи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од сега сме тука, ко „циганот“ што се спрема да го украде вашето дете.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Е па, морони, ова е отприлика борба за душите на вашите деца, или така некако.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Со вашиот пример на почит ќе им покажете на вашите деца, а мои внучиња, точно 13 на број, што е вера во Бога, зашто тој ве подари на мене и тој ми помогна да ве изгледам“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нејзе ѝ велат, „Вашето дете е внатре во вас”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Бидејќи цела младост ја учевме само вашата партизанштина, небаре целата историја почнуваше од вас, дури, ете, се создаде одбивност и кај најмладите за вашите заслуги, а и мене ми се чини дека и нам, на вашите деца, не ни дадовте да имаме своја историја и своја личност.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Доаѓате од други времиња Сонувате девет круга За да ви се јави детето На вашето дете.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Нешто се кон­сул­ти­раше со другите војници, па потоа ми рече: „Госпоѓо, ние имаме голема почит кон вас и кон вашите деца, вие прекрасно, како да ви е мајчин, го збору­ва­те нашиот јазик, вие сигурно имате италијански корени и сте наша, па мора да ви веруваме!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Професорката како да ја прочита, во нејзиниот израз, сета драма па продолжи: – Вие, овде, почитувани родители, го оправдувате неуспехот на вашите деца со тешките услови, со немањето простории, со вашата презафатеност.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Па вие си јадете од вашата душа, вашите деца го пијат вашиот отров, ќе се удавите во сопствената кал, ќе потонете во живиот песок.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Добро де, на вистинско место сте, еве ви ги моите деца. - Вашите деца се мечиња.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Ај со среќа, здравје, вечни, целокупни бериќетни“ - благословуваше баба Мирјана - „така научив од свекрва ми, па овие убави благосилки и вам ви ги кажувам да ги запаметите и да ги пренесете на вашите деца и внуци.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Елен Лејбовиц Ce 7 juin 2001 Monsieur, Il y a six mois, en commandant des livres јаvаiѕ rеu des chocolats. Rсеmmеnt јаvаiѕ соmmаnd des tаgrеѕ, et јаi rеu deux nappes рrоvеnаlеѕ. Je nаvаiѕ aucun besoin de ces nappes et je les aurais de toute fаоn dоnnеѕ. Donc, je vous les ai еnvоуеѕ.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Големите заблуди, се чини, секогаш доаѓале оттаму што во различни времиња, најголемите грешки се правеле во името токму на постоењето на новиот човек, натчовекот, неговото красење со незаслужени ореоли.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И загледана низ прозорецот кон неколку фрагменти од синото небо кои се појавуваат по бурата, си велам дека бездруго на ист начин сте ги восритале и вашите деца.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас посакувам овие прекривки, идното лето и покрај драматичната ситуација да можат таму да дочекаат мирни семејни обеди со вашата сопруга, со вашите деца и внуци.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Господине, Во долгото писмо што ми го напишавте во месец јуни, вие ги спомнувате вашите родители, вашите браќа, вашите деца, вашите внуци.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но вие на еден чудесен начин ја поттикнувате мојата размисла во тој правец.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Нејзиното бебе е завиткано во шал, истиот шал што таа еднаш го имаше постелено врз каучот во дневната соба на нејзиниот стан во Сан Франциско.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повоената генерација на разузданите, “авто-центрични” индивидуи започна да се појавува токму во моментот кога новите психоделични-кибернетички мозочно- променливи технологии им станаа достапни на поединците. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 55 МАРШАЛ МЕКЛАУН ЈА ПРАВИ МОЖНА КВАНТНАТА ПСИХОЛОГИЈА Овие нови бебиња беа првите телевизиски видови, првите човечки суштества кои користеа електронски дигитални средства за да се приклучат и да се уфрлат во реалноста, првите што користат невротрансмитерски хемикалии за да ги променат сопствените мозоци; првите жители на “глобалното село” овозможено со помош на телевизијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таму беше отидена да изучува модерен балет, тап, и балет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Третирајте ги вашите деца како индивидуи, како личности.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Всушност, жената го натера своето дете да го подаде бебешкото раче кон нејзе како таа сега да е некој ѕвер без канџи до кој вашето дете може да се приближи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа беше најрадикалната, најсубверзивната социјална доктрина на сите времиња, и беше насочена кон единствената група што може да предизвика долготрајни промени: родители, педијатри, учители.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Родители сте, си мислев, ама поим немате што им се случува на вашите деца.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како ќе дознаете дека не пуши ако не го проверувате?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)