Исто така на членовите на мисијата Bethesda им било потенцирано “партизаните во никој случај не треба да знаат за вашите истражувања“.371 Имајќи ги предвид настаните во Грција по британската интервенција на 4 декември 1944 година британската заднинска воена мисија на Фицрој Маклин во радиограмата до мисијата Bethesda во Македонија барала “имајќи ја предвид сегашната сериозна ситуација во Грција, Министерството за надворешни работи многу е вознемирено и бара да останете.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)