Има еден убав предел, о, беспотомци, во кој само пепелта нешто значи зашто таму вие препознавате траги од скаменет народ некогаш што ги множел сонцата - сега, вашето име, скаменето во студот врз вашиот крст.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Има еден убав предел, о, скрбници, во кој утринум над ридовите на вашите коски прошетува еден црвен ветер и ја разнесува правта на вашата прав и сенката на вашиот крст.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Има еден убав предел, о, усаменици, во кој цел век скришум си ја бакнувате земјата а ништо не ѝ велите вашиот збор како наметка од ѕвезди врз вашиот крст.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)