Ќе истечам во вашите очи Со ветрот што ме носи, Со мислата ваша.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Кога се будеше светот пред вашите очи, кога беше доволно да дишите длабоко и да живеете без да платите никаква цена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Љубете со целото ваше срце и душа, без страв дека ќе ви го украдат срцето или ќе ја изгубите душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Таа е сјајот во вашите очи, топлината во вашата душа, таа е светиот шепот и благослов, таа е божја убавина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Бесмислено е зошто е несфатливо за вашиот ум.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Бестелесно е зошто вашите очи не го гледаат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
-Господе мил! колку е саатот! - велите одеднаш, бидејќи веќе не сте во состојба да ги слушате тие чудни говори.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тогаш на Сухов му се случува обратна преобразба: тој на ваши очи се смалува и се стемнува.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Единствено ако се гладав себеси со вашите очи, ќе видев нешто добро.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тоа што не го гледате, а го слушате, тоа сум јас и ви зборувам далеку од вашите очи, скриен под врвот на планината во месноста наречена Мрак.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Пее само кога ќе ве види нерасположен, кога ќе забележи грижи или тага во вашите очи, а, што е најважно, кога ќе го забележи сонот врз вашето чело, врз вашата челна коска.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Има нешто во вашите очи што ми кажува дека создавате, дека сте, дека сте...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Другарот Корнулов се јави уште еднаш, овој пат со Папокот, шетаа од оган до оган, ги убедуваа луѓето дека одовде никаде поубаво не може да ни биде Гледате колку земја се шири пред вашите очи, знаете колку е богата! и дигајќи го гласот цикна другарот Папок, местејќи си ги окалките над истенчениот нос Тргнавте по еден извеан старец другари, само сте се запрашале ли каде ќе стигнете со неговиот ум?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
- Ах, жени, жени! Ако не бев доволно фин веројатно ќе можев да речам дека богатството на вашите намери не се исцрпува со вашите постапки туку и со желбите што греат од вашите очи!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Александар: Со твоја дозвола и јас би се обидел да јава на коњов пред вашите очи!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)