Скопје, 1 септември 2000
Почитувана госпоѓо Лејбовиц,
Проста е, но едновремено и сложена приказната за моите Козички, на кои вие повторно се навраќате во вашето последно писмо и ми поставувате интересни прашања, на кои ретко сум помислувал пред и по пишувањето на романот Времето на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Читајќи го вашето последно писмо одненадеж открив дека меѓу вашите тројца починати браќа, бил и неустрашливиот млад човек кој еден ден ќе $ го открие името на козата Сталинка.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И бидејќи не правите никаква алузија на вашата сопруга, која се забележува краткотрајно за време на вашето враќање од Албанија во романот Атеистички музеј, а и во вашето последно писмо, си поставувам прашања за неа што не би се осмелила никогаш директно да ви ги поставам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)