Судбината на Круша и Горуша е во ваши раце!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во вашите раце се наоѓа клучот на целиот јужен фронт.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Што заборавате, што заборавате дека моиве ластари ќе бидат ваши раце кога ќе легнете - со внуците да се здравувате А сте ме оставиле само среде оваа штура голотија на ридов за да не умре од немаштија и за да го дојам сонцето.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Никој не очекуваше, ама се случи. Расказите, тој незаобиколен факт, се во ваши раце.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Што е тоа Дарко? Што имате во ваши раце? - Подобро да не знаеш, верувај ми, така е подобро.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Таму е безбедно како во бункер и моќта да нишаните во некого е во вашите раце и очи. * Запис пронајден во вештачка насмевка
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
А со парите во вашите раце можат да се случуваат разни нешта, и убави и грди.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Но парите во ваши раце можат да ве изменат и да ве „расипат“, што се вели.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
И се надевам дека книгава ќе се најде во вашите раце, а вие, читајќи ја, ќе видите како еден возрасен човек, кој поминал и детство и младост, гледа на многунешта што нè опкружуваат, што ни се случуваат во нашето секојдневие.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Не прашав дали си кренавте паметник но вашите раце од мрамор веќе ми тежеа на рамото.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Дури отпосле, од твојот разговор со Методи, ја разбрав вашата намера: вам ви треба човек што ќе го изврши убиството и ќе ви овозможи вие да останете неоткриени - човек што ќе умре, по извршениот атентат, од вашата рака и што ќе продолжи да ви служи, онака како што ќе посакате!
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
И уште нешто, побрза да додаде Лев Петрович: Кога некој мене би ме повикал да учествувам во донесувањето на конечна одлука, јас ќе се заземев за вашите раце, дарагаја Љуба.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Маштеха моја ме излагала и ме дала на ваши руки да ме убиете, ама се надејам да ви оврне вам Бог за такво беззаконие.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)