Новинарот: Вистина ли е дека за вас најдобар одмор претставува одењето во вашата семејна гробница?!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Зарем е полесно да му ја понудите некому личноста во која е закопана сета ваша љубов само за да ја избегнете вистината?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Од кога датира таа ваша љубов?!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Зарем вистината смееме да ја прикриваме и по таква цена?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Таму каде што се јавуваат искрите зборовите се смеат“ Шепотевте многузначно, мавтавте со секалата и го палевте тратот „Нека гори како судбината, бавно и без искри“ Говоревте а длабоката ноќ од високо За секоја глава фрлаше доволно ѕвезди Некој од вас се досетил тогаш За лулето зајмувајќи од кременот жарче Дека градбата ќе биде вековита Ако ја вградите во неа и вашата љубов.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)