Додека трчавме низ сите оние сериозни денови верувајќи дека целта е близу и дека ниту еден чекор не е сторен залудно ние бевме оние кои можеа да ѝ го одредат името на светлината и да ја поведат со себе па и да седнат напладне со неа на сиромашен ручек на тревата во друштво со птиците што стрпливо ги очекуваат своите трошки Така се качувавме кон будните соништа И не знаевме оти овој кревок живот што нè води за рака може да нѝ понуди сè но и да нѝ оспори сè Дури и не помислувавме оти во Кулите на ветената надеж живеат веќе ќерките на нашата тага И дека во растурената градина зад леандрите нè очекуваат цвеќињата на нивните солзи.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)