Наслушнувајќи го животот на другите, на оние за кои веќе се пределе легенди, поетот си ја покривал душата со лажна лика, и онаму кај што не им достасувала храброст, убавина и големина на опеаните, тој, како мал бог што создава свои совршени и вечни суштества, им го додавал богатството на својот дух за восхит и за поука на современиците, да седат во вечерите крај огниште и восхитувајќи се да си ги испитуваат мислите не ли се и самите родени за големи дела и за песни од кои и воздухот со возбуда затрепетувал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа народните поети ги раскажувале возбудливите настани развлекувајќи ги песните со волчи грла.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)