Таа како вешт мајстор ги ткаеше работите, таа искрено се внесуваше, со сета своја душа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Беше изградена со вкус, од вешти мајстори и личеше на мал дворец кој му пркоси на забот на времето.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Го гледа мудриот и достоинствен Соломон како разговара со двата Хирама, кралот Хирам од блиското кралство кој му помага во зафатот да изгради Храм на единствениот бог, го гледа како поминува со машката рака врз маслинестата свила од бедрата на кралицата од Саба, потем и карванот со нејзините дарови испратени за Ерусалим, го гледа мудриот крал како се советува со вториот Хирам, вештиот мајстор на бронзарските работи со кои е преукрасен Храмот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)