Освен тоа, откако се виде последен пат во огледалото, тој ги доби вештачките вилици.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше свесен дека онака дебел, проќелав, со вештачка вилица која покрај сета прецизност на изработката не можеше да се сокрие, изгледа како чичко пред младата, долгнавеста, цврста глумица.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Заедно со поточето крв и плуканка, од устата му испаднаа две половинки од вештачката вилица.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А за крај, откако стариот младоженец на мелодијата „Секс бомб“ ќе игра како Пинк Пантер околу старата млада, седната на столче на средина на подиумот со прекрстени нозе и обесени бутинки обидувајќи се со вештачката вилица да ми ја слече жертерката, јас ќе спремам стриптиз, како Ким Бесинџер од „9 и пол недели“, и, на песната „Нека ти остане само шеширчето“, ќе ги збеснам сите! Ете, така ќе биде!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Мил му ја наполни, му ја запали и му ја стави в уста; Илко повлече еднаш, а потоа со врвот на јазикот ја отурна како што се отурнува вештачка вилица што пречи.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Му ги извадија остатоците од забите и му дадоа нова вештачка вилица.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тие не само што имаат вештачки вилици и заби Ами и главите им пукаат од вештачки сонови А и зборовите веќе не им се природни и веродостојни И кога ги редат божјите заповеди Намерно ја прескокнуваат онаа – не буричкај во туѓи сонови.
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)