Велат дека таму, во сепарињата на таа кафеана, се плетела и се расплетувала темната страна на нашиот живот, а тоа беше животот на многумина злосторници, кои наеднаш ќе осамнеа како убијци, како учесници во злостори, како уценувачи на видни граѓани кои на некои други видни граѓани не им се допаѓале.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Како виден граѓанин на град Куманово беше избран во 1916 година за претседател на кумановска општина, на која должност остана повеќе од една година, а по тоа време даде оставка и се пресели во Скопје.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Истиот ден од пристигнувањето на Хрисостом, во зградата на митрополијата владиката го посетија мајорот Лит, шефот на безбедноста Беренц, префектот Кесар Марѕокис што ја претставуваше цивилната власт на островот, градоначалникот на Закинтос Лука Карер и други видни граѓани на островот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во салата каде што требало да говори биле собрани само видните граѓани и градските првенци.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Кон средината на јули, некаде по Петрови пости, групи видни граѓани отидоа кај протојерејот Димко Венкин за да го замолат за молепствие за дожд. белким Господ ќе се смилостивина нашите молитви и ќе не спаси од горот и изгорот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во Атина од каде што доаѓаше владиката тој беше сведок на вистински драми врзани за прогоните над локалното еврејско население. Митрополитот имаше време и расположение за сите присутни, но посебно внимание им обрати на посетителите во германски униформи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)