И што сетне? Ни сам не си свесен
за сопствените дарби
а всушност, глас се разнел насекаде
- низ Фокида, Беотија, Тесалија, Македонија -
дека си видовит и допирот дека ти е лечебен
а речта - провидение!
………………………….
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Неговиот внатрешен метеж ги обземал и другите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се изненадив на зборот „работам“. Овој збор најмногу, во ваков контекст, го употребуваат оние што се претставуваат како видовити и надрилекарите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Беше видовит и во многу нешта даровит.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Зошто се патува по невиделица, зошто не се слуша гласот на видовитата и од господа почитувана старост?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Видовита и оргазмична
енергијата од далеку зрачи:
да ги исцелиме – да станеме цели
и желни по спротивниот пол.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)