Тоа го искористил византискиот император Алексеј I кој со големи воени сили го освоил Костур.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А дека сегашниве жители на Потквицата не се потомци на становниците на некогашната древна населба Градиште, освен нив самите, зборува уште и нивната психофизичка конституција; високи се, русокоси, недоверливи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Скопје ќе се најде и под византиско владеење, нарекуван Јустинијана Прима, според византискиот император Јустинијан.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во XIV век Скопје ќе стане втора царска престолнина на српскиот цар Душан, а кон крајот на истата година станува дел на Османската Империја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не беше рамнодушен ни кон сведоштвата од татковите книги на Марцелинус и Прокопиј, според кои долгиот бедем на Калето, сличен на античките киклопски ѕидишта, допира уште од времето на византискиот император Јустинијан I.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Обидот на византискиот император Константин IV во 680 да го спречи нивното навлегување завршило со потполн неуспех.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)