Работната маса (дескот) не е вистинска работна маса туку ние постапуваме со неа како таа да е, виртуелно, работна маса.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кантата за ѓубре е икона за бришење на програми, но ние ја користиме неа како виртуелна канта за ѓубре.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Битното овде е начинот на стапување во интеракција со кантата за ѓубре како нешто што произведува ефект при нашата работа.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кантата за ѓубре е реална во контекст на нашата задлабоченост во работата, иако вон компјутерскиот работен простор ние не би зборувале за канта за ѓубре, освен како за виртуелна канта за ѓубре.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)