Татко добро знаеше дека Самир Мустафа, како претставник од малцинствата, беше секогаш на високи функции во државата, а еднаш бил дури и министер.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Зашто уште до вечерта дознав дека Баџата уште вчерадента го затвориле, а мене, зошто на висока функција, прво ме сомлеа низ критики и самокритики, ме исклучија од партијата, ме сменија од функцијата и поминав само со една година физичка работа како градител на одморалиштето во Отешево, во Преспа...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На сите им беше јасно дека Борко беше секогаш на високи функции, а во времето кога се одлучуваше за браната, владин потпретседател.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тој веќе патуваше кон Париз, па потоа кон Њујорк, на висока функција во ООН, како еден од помошниците на генералниот секретар, задолжен за специјални мисии.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Многу дипломати, особено вработените во министерството за надворешни работи, оваа средба ја сметаа како многу значајна во нивната кариера!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во тие години и во доменот на дипломатијата, како и во високите функции на Федерацијата, непогрешливо функционираше републичко-покраинскиот паритет.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Остатокот на мисијата: предавањето на пораките во Мароко и Тунис ја губеше првобитна смисла и замисла без семоќниот дипломат, добриот човек Лакхдар Ибрахими.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За време на краткиот прeстој во Скопје заради консултации во МНР, на членови на Главниот одбор на Сојузот на борците, кои за време на граѓанската војна имаа високи функции во НОФ и АФЖ, им кажав за средбата со проф. д-р Владислав Барчиковски и за мојот предлог.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И покрај заслугите што ги имаше во борбата против фашизмот и домашните предавници, Трим Тоска, по војната, задолжен од Партијата за „братството и единството на народите” во крајезерската земја, не беше без амбиции еден ден да помине и во Републиката, според поволниот клуч на малцински структури, на некоја висока функција, токму во времето кога и децата ќе стасаа за студии.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)