Не се работи за жена присторена како маж, тоа е вистински маж, и во тоа се состоеше моето откритие, иако за тоа во тоа време не бев свесен.”
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таа промена Duchamp вака ја искоментирал: “Во врска со тие мустаќи и со таа брадичка интересно е што кога ги гледате Мона Лиза станува машко.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И, порасна во моите очи. Како вистински маж. Ете...
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Го гледам моето седуманаесетогодишно дете и ми се стори како преку ноќ да порасна и да стана вистински маж, испотен и задишан, непрекинато ги носи предметите во подземната просторија и ги засолнува.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Му велам: ’Немој да се плашиш. Во домов Господов ти велам, Севишниот ќе ни дарува мислост’. ‚Не се плашам, татко’, ми вели.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
ТАТО Често мојот тато ќе ме чукне по рамо и ќе рече: - Сине мој, кажи, нели јас и ти сме вистински мажи?
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
„Зинати, небаре не виделе пушач. Учете! Еве, вака: да си маж, вистински маж...“ се обиде да испувка тркалца, ама не му успеа. „Татко ми може“, рече Ташко.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Иако немаше ветер пламенчето трепереше. Го гледавме со позинати усти.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Љупчо вовлече чад, потоа полека пувкаше гледајќи нѐ подзамижано.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)