Може да се рече дека судбината, во вистинскиот миг, му го донесе Сокол Мечевски, блискиот советник на Водачот за прашања од историјата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Мајка, наоѓајќи се во вистинскиот миг крај Татко, сигурно беше послушана од Бога, со сите свои молитви и прочитани свети книги во животот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Светлана го забележа разнежнетото лице на Никодин и помисли дека ова е вистинскиот миг за акција.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Татко имаше среќа во вистинскиот миг да го спаси семејството од сталинизмот во родната Албанија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сега е вистински миг да полетаме. Да ја прелетаме оваа долга, морничава ноќ.“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во тие мигови сѐ беше еден простор и едно време во кое јас и Ема, додека во мојот стан чекавме до крај да се исцеди тешката ноќ, да искапи како катран и да се слее во некој процеп без дно, ја живеевме претходната ноќ и ноќта по таа ноќ, оваа ноќ, како една единствена ноќ.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Мигот, вистинскиот миг е секогаш и надреален.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Вистинскиот миг, барем засега, беше пропуштен.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Секогаш, кога ќе се дофати вистинскиот миг, мора да се истрае, мислеше, сè додека трае тој; а за совземање и за одмор може секогаш да се најде време.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше едно надоаѓање, што никогаш не се одѕива од другата страна, но тој беше доста стар ловец за да може да го сети вистинскиот миг, токму по таа притаеност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Стори сѐ, што требаше да биде сторено вистински сторено и во вистинскиот миг.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беа вистински луѓе, тој можеше сега и да им ги гледа испотените лица на двајцата од нив дојдени во вистинскиот миг, и сега тие го правеа она највистинското, што можеше да се стори, она што би го сторил секој, што би го сторил и тој.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И одеднаш, а за него толку многу во вистинскиот миг; во оној највистинскиот и единствен миг од вишнеењето на ова негово будење, таа пукната сина шир пред неговиот поглед ја распараа неколку црвеникави штркнати, прачки, исто како да се распука нејзиниот свод.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таа мораше и него да го внесе во сопствената судбина веќе разоткриена пред мајката Перса и сигурно сега е вистинскиот миг додека уште престојува во нејзината глава.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И сега, беше дојден можеби вистинскиот миг во потрагата по животот на оваа силна балканска жена.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Јагулче си молчеше, макар што често велеше дека молчењето понекогаш е азно, а понекогаш лага, но кој да го погоди вистинскиот миг.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Велеше „да“ во вистинските мигови, се насмевнуваше, но секогаш половина секунда подоцна отколку што тоа се очекуваше од неа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)