Мажите дејствуваат, жените настапуваат.
Убаво е, вистина, да се отфрлат ваквите невкусни поимања како идиотски, како обични бизарни општествени предрасуди – надминати, старовремски, ветви, карикатурални.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Играњето улоги не е во согласност со пројавата на суштински идентитет – на вистинското битие на поединецот – па затоа изведбеноста нужно подразбира неавтентичност и отсуство на вистинска сериозност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Разликата меѓу стилот и содржината или меѓу стилот и сушноста е пресудна за разграничување на изгледот од стварноста: стилот важи за женствен, а сушноста за мажествена, бидејќи мажественоста длабоко се занимава со вистинската содржина на нештата, додека женственоста се занимава со несериозни работи како што е изгледот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Оваа антисоцијална политика би ја депривилегирала „содржината“ во корист на абјектната, омразената, женствена категорија „стил“; би го поткопала легитимитетот на родовите хиерархии што ја воздигнуваат мажественоста до степен на сериозност (засегната со стварноста и со вистинската содржина на нештата), а што истовремено ја сведуваат женственоста до степен на тривијалност (засегната со некакви површности како што се стилот и изгледот); би ја оспорила автентичноста на натурализираните идентитети и би ги ставила под прашалник конвенционалните мерила за вредностите што ги определуваат релативните степени на општествена достоинственост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Секој начин на суштествување или на чувствување кој може да се дисквалификува како несериозен – како што се изведбениот и мелодраматичниот – не е вистински мажествен, туку покажува склоност кон женственото.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)