Поезијата (онаа што верува дека ни служи) можеби е дом за духот на страдалниците: за заборавените во широкото поле на зимата пред големата порта на студот; За исправените и скрбните пред заканата на пријателот штотуку здружен со демонот Поезијата е дом и за нас до вчера сè уште без татковина Затечени на половина пат до својата вистинска последна незаменлива љубов.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)