влијателен (прид.) - пријател (имн.)

Како да ги прочита мислите на Беренц, митрополитот стана, отиде до прозорецот, ведро му мавна некому оттаму и спокојно додаде:  „Мислам дека враќањето од интернацијата им го должам на тие влијателни пријатели”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Ќе ми дозволите ли да запалам, еминенцијо?” - рече поканувајќи го својот гостин одново да седне, седнувајќи притоа и самиот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ми ги даде сите можни упатства, препораките до своите блиски и влијателни пријатели во куќата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имаш влијателни пријатели и овде и во светот, можат да ти издејствуваат да добиеш излезни визи за онолку луѓе за колку што ќе побараш. Побарај за целото семејство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)