Сиот во клопче со стиснати раце меѓу нозе и со коленици до самата брада, Антун Крстин ги слуша погодувањата и гледа околу себе лилави и модри и жолти и суринедовршени лица и се брани неподвижен, со некој внатрешен отпор, од мириси што минале еднаш низ куќата и сега се враќаат да го задушат, да го покријат, да го одделат од маката да истаржува тајни на едно минато.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Мислеше на ловот, сега сосема поинаку, за миг губејќи ја од своите мисли сета таинственост, што ја имаше до вчера во односот кон него, а нешто што се изроди во сиот тој поминат ден во него, низ онаа проклета притивнатост во сѐ, што правеше со своите раце, и што мислеше со своите мисли, нешто како негов внатрешен отпор кон таа помиреност во неговите движења, го распалуваше во оваа квечерина и го правеше наострен и здивен за уште еден обид.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)