Тогаш брцнува со раката во внатрешниот џеб, и види, оттаму си го вади лицето, тенко како флиспапир, го положува онаму каде што треба да стои, го притиска со прстите и кога ги тргнува дланките, гледа како од огледалото го гледа лицето на Фирерот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Градоначалникот од внатрешниот џеб на своето палто извади уште еден лист и му го предаде на воениот заповедник. „*Ете ги вашите Евреи*”, прокоментира во тој момент Хрисостом. „Што е ова”, рече Лит откако погледна во хартијата „Тука стојат само вашите две имиња. „*Доколку одлучите да ги депортирате Евреите од Закинтос, ќе морате да ме депортирате и мене со нив.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Макс Мертен се зачешла и откако го врати коскеното чешле во внатрешниот џеб од сакото, сосем задоволен од себе, полека се упати кон излезот за средбата со делегацијата уплашени Евреи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Што му направија за сите девет месеци интернација...? И види: Застанат пред огледалото, Макс Мертен го вади коскеното чешле од внатрешниот џеб на сивиот ленен костум и сака строго да ја зачешла својата мазна фризура, кога забележува дека нема лице.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сонувачот, след чудните механизми на сонот, чувствува како го облева задоволство. Макс Мертен фрла поглед на календарот и констатира дека е 13 октомври 1942, па помислува дали баксузниот датум е добар за ефикасно отплеткување на крупниот јазол, пред три месеци врзан околу вратот на еврејската заедница.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Германците беа стаписани.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не е ли доволно да им се извлечат парите?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тој бурична во внатрешниот џеб од палтото и меѓу некои стуткани книжиња извади едно сликче и му го покажа на Коча, а в рака не му го даваше. - А? - Личи на тебе рече Кочо.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во банка посегнуваш по паричникот во внатрешниот џеб од сакото – сите легнуваат на патос.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Го извади долгнавестиот оригами од внатрешниот џеб.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Извади негде од внатрешниот џеб на палтото некакво стуткано и замастено шамивче и си го избриша потното чело.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Гледај... Од внатрешниот џеб на палтото извади остра кама со дршка од козја нога.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ми стана чудно кога Баждар ја завлече влакнестата рака во внатрешниот џеб на палтото, бараше нешто ако не ги чешаше градите.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Мишко од внатрешниот џеб на палтото извлекува свиткан лист хартија и преку вазната со цвеќе му го подава на Саздо.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Генералот ја откопча кожната блуза, од внатрешниот џеб извади хартија свиткана на четири и рече: - Другар капетане ова е писмо до ќерка ми која живее во Атина.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тие двајцата запалија „марлборо“ од кутијата што човекот со костумот и со лузната ја извади од внатрешниот џеб на сакото.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во една голтка ја допи чашата и од внатрешниот џеб на сакото го извади ливчето со телефонскиот број.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„По колку давате?“ го праша братучедот. „Стандардно, по десет посто секој месец“, рече овој, отпивајќи од чашата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Рада веќе не рече ни збор. Двете писма ги стави во тајните внатрешни џебови на својот планинарски ранец.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Епилогот на оваа „дискусија“ (во која што не дојде до збор партизанот) беше сосем очекуен: партизанот ја извади од внатрешниот џеп на палтото својата збирка, внимателно завиткана во еден италиански весник, и - им ја даде.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Вниматлено го дипли значајното парче весник вртејќи се со целото лице кон огнот и го враќа во внатрешниот џеб на излитеното некогаш градско палто.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Бездруго дека далеку повеќе сум слушал од него отколку што тој прочитал мои текстови, иако знаев дека со себе, во внатрешниот џеб на кожената виндјакна, носи книшка од цариграскиот поет Дагларџа и понекогаш ја прелистува и ми преведува стихови што го освоиле.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Мисли, мисли! (се удира по главата) – Еве го, го најдов - од внатрешниот џеб на мантилот веди месарски нож со долго, блескаво сечиво – Сега, на работа! – се наведнува над св. Јован
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Го најдов во внатрешниот џеб од мојата блуза.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ако веднаш не го излижам, ќе се истопи за секунда.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Го држев во внатрешниот џеб од палтото.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Иако не ја замени „Nevada“-та, туку беше скриен во џебот, како привидно „втора резерва“, „Orient“ оттаму умееше нечујно, но јапонски одлучно да дејствува.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ја истури содржината на џебовите од пантолоните и палтото на полицата пред себе – билет од синоќешното кино, сметка за струја, во внатрешниот џеб наоѓа мина од хемиско, сигурно внатре му е сѐ измачкано од мастило, но картичката ја нема. – Дај ми го шампонот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Му се чини, а и како на другите да им станува јасно, дека наскоро сиот воздух во собата ќе се истроши и тие сите ќе поцркаат, додека под скафандерот, Мишкец и натаму упорно ќе продолжи да се бори за живот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Зошто не се таму каде што треба да бидат? – се прашував без одговор, гледајќи де во левата, де во десната рака, за потоа со страшно претчувство да брцнам во внатрешниот џеб од палтото.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
„Па, деца мои, јас успешно сторив тоа што го наумивме со Мирјана“ - рече дедо Владимир, од внатрешниот џеб на палтото извади плик и го кладе на маса.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Извади негде од внатрешниот џеб на палтото некакво стуткано и замастено шамивче и си го избриша потното чело.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)