воен (прид.) - време (имн.)

Се случуваше, при селидбите, во воените времиња, кога одевме по рововите, да носиме книги место ќебе, перница или торба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ќе се врати, се напрегнува, зошто би го држеле и натаму кога соработува, а признанијата не го теретат ама баш за ништо.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Па денес, оние обичните седат, навистина во релативен спокој зашто е воено време, но седат на слобода, по своите домови, а тој е втурнат во немир, на работ од растројство, затворен тука, толку далеку од семејството на коешто којзнае кога и дали воопшто ќе се врати...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го оптоварува, значи, грижата за неа, помислата како таа врви без него во овие тешки воени времиња, особено зашто знае дека таму нема некого што би ѝ понудил каква годе помош доколку таа ѝ биде нужна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Каква улога можеле да имаат тие военни времиња во создавањето на нови животи. Верувам дека имам право да прашам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Помислив дека ги спомнавте воените времиња како пример за поинаквото однесување на мажот и жената?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тука Захаријадис ги извлече на бина од која пред сите зборуваа најтешки зборови за нив, од таа бина паднаа најтешки обвинувања за што во воено време се оди на воен суд и се добива најстрога казна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, нам не ни е до хотелот и крапот, туку до еден значаен настан што во воено време имаше место во селската црква, Света Недела (Голема Богородица).
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Животот во воено време Сѐ уште не му беше јасно зошто во овој миг чекори како што чекори и не умееше да си објасни каде оди со толкава сигурност во нозете.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оваа последна година, кога конечно прифати дека започнал да живее во воено време, во време на војна, тој ја согледа и ограниченоста на својата човечка природа и на она во неа што се нарекува разумно расудување.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Одминуваа крај тоа, носејќи го дома само голиот живот и, ако беше возможно, гледаа да ја сочуваат само уште својата пушка, воено време, не знаеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Војно време, - невреме. Ба му ја кој го има.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Во војно време, велам, сите луѓе се лоши, Само на крв рикаат, му велам на војничето што го носам, ко волови, ко јунци рикаат, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еби му мајката, велам, во војно време никој во никого не верува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Глад, ќе рече некој, воено време.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И в село се чу пукањето, ама војно време, си отрпнат, наглув.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Војно време: ни книга иди, ни ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По ритамот препозна песни од старите воени времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас седнав да им напишам писмо на моите да ме чекаат во Скопје, да се видиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но, си помислив вакви информации не треба да пишувам во писмо во воено време и го одложив писмото во една книга.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Војска — како секоја војска во воено време.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А ќе ѝ го открива патот до новата, вистинската мајка на Балканот, во тешките воени времиња, во светскиот пораз на човештината на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Макар што беа тешки воени времиња, на Игор Лозински му се приреди достоинствен закоп од многубројните пријатели.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Не е тоа“, велеше слепиот Тимон: „Ова чудо се случува само во воено време.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Елен Лејбовиц, можеби повеќе поради судбината на мојата балканска сага, започна да ја следи со аналитичен интерес европската политика кон Балканот во критичните воени времиња.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дури некогаш и да се разбереше кога ќе завладееше војната, фантазијата за новата војна резистираше предолго.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сакаше да го лоцира местото на конфликтот, последиците за мене, за семејството, за моите татковини.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Прости луѓе сте вие. Знаете ли вие како се оди во Франција сега во воено време или не?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во воено време сѐ ќе чуеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Воено време, што се вели, никаде нема извинување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)