Татко со восхит го слушаше својот вујко Али Фети, човекот кој имаше кариера на воен заповедник, дипломат (воен пратеник во Париз и амбасадор во Софија, каде што на служба како воен пратеник беше и Мустафа Кемал, во десеттите години на XX век), министер за внатрешни работи на Османската Империја, но и министер за внатрешни работи на нова Турција, (подоцна и премиер откако во 1923 година ќе биде прогласена за Република Турција).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Германците беа стаписани.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се најдовме и на островот Бриони, по иницијатива на еден од посетителите на воената обука, кој беше генерал и воен заповедник на областа на Истра.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Градоначалникот од внатрешниот џеб на своето палто извади уште еден лист и му го предаде на воениот заповедник. „*Ете ги вашите Евреи*”, прокоментира во тој момент Хрисостом. „Што е ова”, рече Лит откако погледна во хартијата „Тука стојат само вашите две имиња. „*Доколку одлучите да ги депортирате Евреите од Закинтос, ќе морате да ме депортирате и мене со нив.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)