Основната задача на мисијата била да ги координира акциите на силите на отпорот против непријателот.25 Покрај прибирањето на технички, воени известување за распоредот, силата и вооружувањето на оскините сили, членовите на мисијата имале задача “да стапат во врска, да осознаат и да известат за сите елементи во Југославија кои даваат отпор на непријателот, без разлика на националноста, на верските или политичките убедувања“.26 Основната задача на мисијата била да се поврзе со штабот на Дража Михајловиќ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)