Воената активност да има одбранбен карактер и да се придржуваш на воени судири само со парадржавни организации.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- За мирното или поетското решение на војните и судирите треба поети кои не пишуваат, туку издишуваат стихови, кои со даровитост и кроткост умеат да пеат и да ги распространуваат тие стихови, како ветрот поленовиот прав, кој умеат да ги применуваат со случај на некоја караница, на некоја маалска тепаница или воен судир на граница.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но и покрај тоа, воените судири меѓу македонските чети и Османлиите продолжиле уште еден месец.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
НАЦИ-ФАШИСТИЧКИОТ НАПАД НА КРАЛСТВОТО ЈУГОСЛАВИЈА Втората светска војна (1939-1945) претставува најголем воен судир во досегашната историја на светот.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Мирот во Версај од 1919 оставил многу нерешени прашања и создал нови причини за конфликти.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Со тоа започнал, во почетокот како европски, а потоа како светски, еден од најголемите воени судири во историјата на човештвото.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
При крајот на месецот по наредба на Врховниот командант на безбедносните сили Борис Трајковски започна операцијата за чистење на албанските екстремисти.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Задушувањето на востанието било проследено со репресалии од страна на османските власти врз македонското население, а градот на Републиката, Крушево бил претворен во пеплишта и урнатини.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Таа мала престрелка за само еден месец прерасна во вистинска војна кога во март во Тетово за време на организирањето на митингот од три невладини организиции под мотото “Стоп за државниот тероризам против Албанците”, започна воениот судир меѓу албанските екстремисти од една страна и полицијата и АРМ од друга страна.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
ОКУПАЦИЈА НА КРАЛСТВОТО ЈУГОСЛАВИЈА На 25 март 1941 Кралството Југославија пристапило кон Тројниот пакт.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Почетокот на експанзионистичкото настапување на силите на Оската од триесеттите до четириесеттите години, особено јапонскиот напад на Перл Харбор на 7 декември 1941 година, го урнал митот дека САД би можеле да останат надвор од претстојниот воен судир.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во такви услови печатот на САД ја презел на себе активната партиципација во анимирањето на јавноста околу потребата да се напушти изолационизмот и во алармирањето на опасноста од фашизмот не само за Европа туку и за САД, кои се чувствуваа сигурни зад океанот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Историскиот компромис, и покрај сите ветувања, никогаш не се оствари, ниту по воениот судир од октомври 1973 година, кога во декември истата година во Женева се одржа мировната конференција која можеше да му даде легитимитет на историскиот компромис.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Арафат и официјално напуштајќи го својот сон за создавање на една обединета и демократска држава за време на својот говор пред претставниците на Обединетите Нации во Њујорк, во ноември 1974 година, ќе предложи создавање на една мини-држава во Трансјорданија и Газа, со реципрочно и симултано признавање на Израел и Организацијата за ослободување на Палестина, да преговара со преставниците на еврејската држава во рамките на една меѓународна конференција, под закрилата на ООН и големите сили.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)