Откако ќе погледне во болен човек таа никогаш веќе нема да го симне погледот од оној кој брзо ќе заздраве и никогаш веќе нема да погледне во очите на оној на кого му нема спас.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ах, таа волшебна птица на радоста која на животот му се свети - живеејќи го!
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Право да ви кажам: малку сум и лута на учителката по виолина која не ми кажа со време што да правам кога меѓу знаците на нотниот пулт ќе ми слета некоја волшебна птица сета расчучулигана и распавтана со многу стари песни што не ги знае ни татко ми.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)