По некое време, еве ги, излегуваат од грмушките со воспалени лица, со земја и снег по колената.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во тоа виорење често им се допираа градите а понекогаш и образите и тој ѝ го чувствуваше пламенот на нејзиното воспалено лице, вдишувајќи го одблизу оној нејзин мирис на јасмин кој избиваше од нејзиното тело како дух избеган од шишенце.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)