Дури и оние медии (да ги наречеме „младински”, не именувајќи ги бидејќи нивната „непрофесионалност” лежи пред сè во неискуството) кои експлицитно го градат својот имиџ околу вредностите на урбаната култура, многу често не нудат ништо друго освен егзибиционизам, дилетантизам и ескапизам, кои не само што го зацврстуваат режимот (што не е ни битно), туку, поважно, оневозможуваат некои подлабоки и поавтентични форми на протест, оневозможуваат создавање на високи медиски критериуми кадешто одговорноста и знаењето се врвни категории.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)