Тој момент можеме слободно да го одбележиме како врвна точка во развојот на пријателството меѓу стариот и Пискулиева, зашто сѐ што последува, едноподруго, само го забрзуваше нивниот раскид.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Вознемиреноста расте. И еве како да ја достигна врвната точка.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И ова патување по Халкидик, кон Касандра и Паљури, врвната точка на полуостровот, тргнавме со цел - да се посетат летувалиштата и одморалиштата и да се „рапортира“ за попатните впечатоци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Јасно е дека Париз фрапира со својата грандиозност - ако се погледне од неговите врвни точки, било од Ајфеловата кула, или пак од височинката „Сакр Кер“ на „Монмартр“ не ќе може да се види неговиот крај.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овде посебно одушевуваат фреските на куполата, од чија врвна точка се спушта најголемиот полилеј, долг 36 метри, сиот само од кристално стакло, со 750 свеќници.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Битката на Мечкин Камен ја достигнуваше својата врвна точка.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Стариот го чуваше и се подгордеваше, им раскажуваше на пријателите за виорливите денови од војната, најзанимливата и врвна точка во животот негов.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)