Држејќи го немоќно за лактовите, го оттуркува до скалите, под јамката.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Од бранот врела крв му набрекнуваат усните и вратот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
- Оф, ми ги скинаа нозете! - извика некој. - Го убија Гуштанов!? - викна втор.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Гоце лежеше и ја полеваше со својата врела крв својата поробена земја.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Во време на комплетна параноја и страв од сида, еден актер, болен од сида, решил да направи монодрама за својот проблем.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сѐ би било фино и глатко, да овој човек освен со „тешки” зборови и патетична глума, не се дрзнал да се „ослободи” од својот проблем така што ќе ја прска публиката со својата заразена врела крв.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Се оддалечуваше од сипаничавиот полумрак и од сенките во него и копаше во себе, на чија страна е нејзината врела крв, сега, кога во исто време им припаѓаше на обајцата, на тој студен и благ Иван со долги нозе на јак ждребер и на исклештениот гамен и бог со жолти прсти од ефтини цигари, сега, кога претпоставуваше едно искричаво судрување и преместување, едно замрсено и нејасно зло.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Коњ и јавач, кентавр со една и иста врела крв, двогрелн винопиец, пресилен за волк, за молња и за времето кое не можело да им земе толку колку што им земало на старците и на ислужените дрводелски и ќумурџиски коњи и маски.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Збор е за живо месо, за врела крв.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кон мене лазеа нивните искинати шепоти и сплетки во чија горчина се насладуваа, му се враќаа на животот со врела крв, бабреа од внатрешна сила.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тоа не се очи, тоа се заседи на врела крв, жедна за крв.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)