врел (прид.) - пот (имн.)

Врела пот го обли наеднаш, а срцето му бувташе до пукнување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Винстон го облеа врела пот по целото тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Земјата, мајчица наша, раѓа. Плодна е и богата. Со врела пот ја полеваме, но за кого?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Арсо се капе во врела пот. Длетото лудува и руши и земјата се сурива под колената, градите, брадата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Многу и е тешко, брате Даме! Нема веќе живот! - Така е... - рече Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)