Размислувајќи ја согледуваше вистината: можеше со грстови да расфрлува околу себе туѓи пари, да пие и да крши купувајќи и музика и лажно пријателство по крчмите и пак да остане со темно и врело чело - болен заради болеста на брата си и смешно несреќен без Јана.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Лизгајќи се сега со врелото чело по стеблото, згрчен и со суво, жедно, стеснето грло, го забуцал лицето в земја, в трева, в златни движења на бубачки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неколку капки му паднаа на врелото чело и го освежија. Низ воздухот се ширеше миризба на влага и земја.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Знам како и знам зошто, еве ти, со крик рекол. Но не станал. Тоа само го измислувал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)