Токму низ овој петвековен временски интервал, Татко како да го гледаше живо, дофатливо, опредметено, отоманското време.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
ИДНИНАТА е временскиот интервал што ја означува разликата.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
И Речникот на идеите на излитените османизми, кој требаше да го придружува нивниот заеднички одбранбен текст требаше да ги повика читателите на разбирање и толерантност, на човековата природа, на нејзината бавна променливост во долгите временски интервали.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Недефинираниот шум, кој суптилно, но сигурно, ми ги растројуваше нервите кои беа оневозможени да се посветат на дневните обврски, најмногу ме потсетуваше на ѕвекот од топче за пинг-понг, кое непрестајно, во точни временски интервали удираше по некој предмет и се одбиваше од него.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Законот за вработување и работа на странци60 во временскиот интервал за кој е спроведена оваа анализа претрпе 5 измени и дополнувања, по еднаш во 2010, 2011, 2012, 2013 и 2014 година.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Се утврди максимално траење на постапката од 15 дена, а посредникот за овој временски интервал може да води заеднички или одвоени разговори со страните, како и во согласност со едната страна, на другата страна да и пренесе и достави предлог и ставови за одделни прашања.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Управниот инспектор дополнително донесува решение со кое го задолжува директорот да донесе решение во рок од десет дена и да го извести инспекторот, како и да му достави примерок од актот со одлуката, под страв од поведување на прекршочна постапка (чл. 2 од ЗИДЗВРС/окт.11). 63 Според објавените податоци од АВРМ, за временскиот интервал на нашата анализа, бројот на издадени работни дозволи за странски државјани изнесува 1.437 за 2010 година, 1.871 за 2011 година, 2.218 за 2012 година, 2.824 за 2013 година и 3.504 за 2014 година. 70 2.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
На оваа плејада од современи метрополи на прагот на XXI век веќе слободно можеме да го додадеме и нашето Скопје, кое преку богатиот македонски книжевен летопис, за релативно краток временски интервал, останува наш, но станува и исто толку туѓ, светски Град.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тоа што тој беше сведок на тоа како таа во меѓувреме скрши неколку чаши во сосема природни временски интервали, тој не обрна никакво внимание.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Оваа одредба е значително подобра од одредбата од ЗЗР, бидејќи според одредбите на стариот закон, прво, опфатот беше помал (имено, ги опфаќаше само работниците кои работат на работни места под посебни услови) и, второ, не беше предвиден рок со кој би се пропишувало на кој временски интервал би се вршеле здравствените прегледи (чл. 34, ЗЗР), а со тоа им се оставаше можност на работодавачите да не ги почитуваат овие одредби од законот. 137 Исто така, во новиот закон за прв пат се регулира безбедноста при работа на локација каде работат два или повеќе работодавци.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Го фасцинираа езерските птици, кои по долгото летање во светот, во одредени временски интервали, се враќаа во гнездата каде што беа родени и тука умираа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)