Во текот на дејствието, особата - корисник на бројаниците одвојува едно по едно зрно (на пример: едно зрно одговара на една молитва или на една реченица од молитвата, то-ест едно зрно претставува еден временски момент) додека не дојде до последното, кога дејствието започнува со повторувањето - веќе во новиот круг или подобро речено, вител на времето.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Впрочем, кога се работи за времето, се чини дека не постои ниту еден доволно прецизен исказ во јазикот, со кој строго би се дефинирале границите на различните индивидуални временски моменти. = моменти и инструменти = До XX век или поточно до појавата на Ајнштајн и неговата Општа теорија на релативитетот, со која се утврдува праволиниското време како конститут на космосот и на човековото битие воопшто, сите мерни инструменти за времето имаа кружна форма: почнувајќи од римските солариуми, преку песочните часовници кои се вртеа околу својата оска и завршувајќи со прочуените јајца-часовници на Фаберже (јајце: форма со неверојатно богати митолошки асоцијации).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)