Јас не можа глава да веда на никого, бил тој Турчин или рисјанин. Јас сакам да су слободен.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
—Ама пак да бида со врзани раце од Ѓорѓија, Глигура и други?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во моментот кога ја виде како паѓа врз врзаната рака, му се стори како нејзината болка да ја чувствува во сопственото тело.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ако сте од мајка родени, - но, беше кутнат на земја со врзани раце на грбот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Еден некогашен адвокат, кого клиентите почнале да го одбегнуваат заради неговата зависност, сега активен блогер под никот "Оmerta", донесе прекрасни извици, собрани по судските сали и ходници, на парови во бракоразводни парници и на корумпирани, ситни шалтерски работници, во моментот кога ги изнесуваат од полициското комбе и со врзани раце ги внесуваат во судот, снимани од локалните телевизии.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
На затворениците им се врзани рацете и нозете...154 Имало луѓе што полуделе од мачење.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Да излезам одовде со врзани раце, зачекорен кон бесилото, или да избегам, тоа е сеедно.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Го донеле дотука со врзани раце, ранет, измачен.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Овој го зграпчи за опаш и го фрли далеку од себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Ловците на Мортенија извлекуваа од куќите момчаци на моја возраст, а тие, веќе со врзани раце, не се бранеа и не повикуваа за помош.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Јас дека врзани рацете, се вртам ко укруп во уплакана куќа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
О, боже, колку било мачно да трчаш со врзани раце и мокри алишта!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како да ѝ помогнам со врзани раце?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
(Манастирот. Евто подготвува малтер. Михајло седи со врзани раце и очи.) ЕВТО: Како не знаеш кој те врзал? Кој те тераше да доаѓаш ваму?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Грешел, страдал, заслужил да се именува праведник. Брадата на попот апостолски му се кадрела.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сепак неколку жени го зграпчиле за мантијата и го напикале во тесна плевна заканувајќи му се дека со стапови ќе го испратат гол и со врзани раце до под самиот Црн Врв ако не престане да ги менува среќните мигови на свадбеното расположение. Не се шегувале, усните заканувачки им се кривеле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Иако сѐ уште слободен, доктор Миха се чуствуваше не само со врзани раце туку и со оковани нозе, па и јазикот му беше голтнат, така што не можеше ни збор да зборне а не пак нешто да смисли со главата што си ја носеше како празна тиква на гнила тараба.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На вратата, со врзани раце, се покажа полјакот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
На крајот од спалната, во аголот, на еден кревет, лежеше Клара во бела ноќница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во спалната во која нѐ внесе доктор Гете, на десетина кревети лежеа жени – некои неподвижни, други се превртуваа во креветите и мумлаа, една од жените беше со врзани раце и нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Пред нив, со врзани раце, чекореше лично Анѓеле.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
„Кога ќе наиде такво јавно прашање за осомничен и осуден човек, а со своите очи имате видено и како Чардаклија го водат со врзани раце, ќе помислите пред сѐ дека некој злонамерно сака да ве молерисува или нешто слично, па нема ни да се обидете да го скриете она што го знаат и пилците по грмушките“, се насмеал гостилничарот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)