Горе на ѕидовите и на само половина метро подолу од таванот и точно над подѕидоците прикрепени се дрвени полици, кои се натоварени со дуњи, јаболки и петтопрсни тиквиња, а долу под полиците врзани во снопчиња и обесени на ѕидовите, висат мисирски кочани, исушени полски цвеќиња, треви и чаеви.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тодор ја познаваше кулата многу убаво. И тој, и другите селани, често идеа кај чорбаџи Сивета по разни причини: На стриг сите идеа да му пострижат на неговите две илјади и триста овци, за да му го платат мамелето за позајмените педесет сто гроша кога дошол авалеџијата, да не ги тера врзани во Витолишта; за Божиќ или Велигден — да си купат чевли или опинчиња за децата; некој позајмил пари да си купи добитче; и се знае ли на сиромав зошто не му притребале пари?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мајката имаше на нозете пантофли од син сатен со мали копринени панделки врзани во буква на врвовите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Едниот од двајцата мажи, кои пред малку влегоа во дворот на ресторанот “Кај Таки”, беше висок, со долга седа коса назад врзана во реп, со нотес, во едната, и со штотуку скинато гранче од врбата, во другата рака, вториот проќелав, во кремаст костум со кафеави риги, со луле во едната и со акт ташна во другата рака.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Поминуваат пред дуќан разни „прилики“, офарбани, натурални, „лепушкасти“, одржани и помалку одржани, навежбани, затегнати, со космодиск под маичките, ќелави, со бујни коси врзани во репче, секакви.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Робовите тазе беа донесени од борбите по Србија и неколку дена на ред ги продаваа овде, врзани во синџири и целите испарталени.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Косите беа покриени со многу долги еднобојни марами врзани во форма на шешир кои продолжуваат вкрстени околу вратот и паѓаат надолу како шалови.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ликовите се тиха језа – фризури ко Марџ Симпсон, дугачка брада сплетена у пунџа, гајтан веѓи ала Брежњев, бркови врзани у лептир машна позади уши, Амиши со страшно рунтави бакембарди...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Вечерта ја чув старицата како објаснува: - Парите ми беа врзани в крпче и под кулч в долап.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И тие две стави, исто толку врзани во животот колку во смртта, се обидувале пак да бидат она што биле некогаш, младост и старост и најмногу живот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Човечиштето со лице на боголик рис живеело за она момче и го раснело со силата на своите сфаќања за животот, за јунаштвото, момчето не го сфаќало поинаку светот отколку што му го објаснувал заштитникот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ги затворија врзаните во Катил-хане, а сејмените ја поминаа таа ноќ во празните кулуши.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Реков: „Како би било кога, едноставно, би живееле во заедница, повторно воспоставувајќи ги искинатите врски меѓу нив и нас?“ Margina #21 [1995] | okno.mk 65
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Никој не знаеше какви се тие луѓе кога се вон душевните болници, бидејќи штом ќе паднете во една од тие состојби, веднаш се наоѓате себеси врзани во некаква задна просторија, или однесени во душевна болница.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Горе, таму на Ќафасан, се појави нов облак и зад него друг и по него друг и чиниш врзани во сунџир, се спуштаа прудолу, по големите кривини...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Мислата влече назад во времето одминато што сал за миг се претвора во јаве, живнува празнината и ги разбудува спомените кои небаре врзани во синџир надоаѓаат, стегаат, гребат, толчат, гмечат, жежат и навејуваат тага.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Но тие раце Се врзани во една сложена плетенка Што го создава огромниот синџир на минливоста Кралицата на реката го знае тоа Знае дека и припаѓа само нејзе, на минливоста.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)