1. Број: дел и целост
Од еден до девет извишен е
бројот твој, Господе
нулата – граничен појас
самооплодувачка матка
Аин, арлекин
искушение да се биде
глобоко безобличје
околу твоето мерливо
про-странство
околу вртливата одора
- сонцогледната облост.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)