Пред МТСП, како второстепен орган, обжалени се вкупно 2.332 решенија, од коишто 186 758 се потврдени, а останатите се сè уште во постапка – што значи досега ниту едно решение досега не е поништено т.е. ниту една жалба не е усвоена!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Донесени се вкупно 9.677 првостепени решенија, од кои само 2.129 позитивни (!?), а 7548 негативни.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, овој второстепен орган кај работодавачот воопшто не се произнесе, по што тие поднесоа пријава до синдикатот на претпријатието – за да, по 15 дена, добијат усно известување од истиот дека тој „нема ингеренции да одлучува по тоа прашање“ и својата правда да ја бараат пред суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По добивањето на отказното решение нашиот соговорник, заедно со уште двајца други работници (еден од Скопје, а друг од Куманово), поднесоа приговор до работничкиот совет,3 во кој наведоа дека отсуствува елементот на вина, бидејќи тие натовариле точно онолку колку што пишувало во кантарската белешка и во испратницата, како и тоа дека не се сослушани да дадат изјава во своја одбрана, а не им е оставен ниту гарантираниот отказен рок кој им следува согласно Колективниот договор за Агро-синдикат и Здружение на водостопанството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пред Министерот за труд, како второстепен орган, обжалени се вкупно 2.332 решенија – од коишто 758 се потврдени, а останатите сè уште се во постапка – што значи, досега, ниту едно решение не е поништено, односно ниту една жалба не е усвоена!?
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)