Мачката во таа положба повремено бавно се повлекуваше наназад, силно потпирајќи се на задните нозе, готова да скочи и со погледот втренчен во страчката косо на гранката над неа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
" И домаќините слушаа со интересирање, но посебно кучето, имајќи предвид како тоа целото беше вдадено по својот поглед втренчен во господинот Гроздановски.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Па потоа сосема ќе згаснеше, со погледот веќе втренчен во некаква ноќ: за дванаесетте хемиски елементи станува збор, тие се соединиле, но не на негова заповед, како што и ќе се раздвојат без прашање.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тие извираа како порои и ја кинеа Анѓината млада душа, но таа цврсто си стискаше забите, си ја корнеше црната бујна коса и со поглед втренчен во таванот на одајата викаше: – He, не! – Само тоа не!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Егоцентрична река.
Упатена накај белото море
па она друго и друго
сѐ додека не се нурне
во овоземниот облик
на бескрајот
- океанот.
Реката е предолго загледана
во својот крај - уточиштето
премногу втренчена во
преобразбата.
Реката така чека и
го дебне мигот
на својата смрт
- слевањето
во другиот.
Од идентитетот ѝ останува
само морската
струја.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)