На ритките над балињата со неузреаните мечти на бездомниците катаден трае збратимувањето со височините од дворот на црквата на врвот Монсерат, 3200 над морето, ветрот разнесува отчукувања на срца – вљубени срца, уморни срца, секакви срца, тука, од врвот Монсерат во Богота севезден се разлетува исчашената и искршената симетрија на живеењето а во балињата на бездомниците трепери темнината на ѕвездите.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
- Да видам, - замоли Саше. Кире списанието му го подаде, а Саше восхитено подзина: - „Вљубени срце“! - извика воодушевено.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)