Зашто, не само што сум му се огрешил на вкусот; сум открил таму и нешто срамно за целата своја личност, вклучително и за својот сексуален субјективитет – нешто што дотогаш не го насетувал дури ни мажот со кого живеев и спиев веќе некое време. (Добро, можеби потајно цело време се имал сомневано, но, ене, сега имаше несоборлива, гадна потврда.)
Ако тоа што ни се допаѓаат некои културни предмети и артефакти може да ни ги открива не само вкусовите туку и идентитетите, така е зашто нивниот естетски стил го прoбликнува цел симболизам, кој досегнува до родот и сексуалноста – симболизам што е и опиплив и мошне тешко објаснив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Здраво посрамен и понижен, како и со чувство на разголеност и на непријатност, ќе се обидев да се извадам од глибот, ќе си го повлечев предлогот и ќе го уверев дека не сум мислел и не сум гледал како што треба кога сум го пофалил предметон – макар што не сум сигурен дека воопшто можев да се извадам од толку упадливо откривателна грешка, откако веќе ја направив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Фактот дека ти се допаѓа некоја славинска рачка многу открива што е за тебе господско, елегантно, отмено или шизичко, а тоа значи дека многу кажува и за твоите општествени стремежи, како и за општествениот сталеж од кој потекнуваш.379 Но не е тоа сѐ што кажува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дај немој да ми кажеш дека сум се омажил за некој што мисли дека ова е убава санитарија“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)